Кариера

Работи го тоа што те прави среќен!

Специјалист за On-Page SEO

Идеалниот кандидат за On-Page SEO специјалист има одлични познавања од пишуван англиски јазик и има искуство со оптимизирање текстови за пребарувачи. Врз основа на претходно дадени податоци и со помош на повеќе алатки, ќе креирате долгорочни стратегии за оптимизација и ќе бидете одговорни за спремање, планирање и оптимизирање СЕО текстови. Бараме уникатна индивидуа која може да го зајакне нашиот колектив.

Ваши задачи:

  • Истражување на тема iGaming
  • Планирање и создавање инструкции за пишување текстови
  • Комуникација со тимот за пишување и давање насоки
  • Корекција на текстови на англиски(лекторирање)
  • Оптимизација на тектсови со вметнување клучни зборови
  • Интерлинкување(Interlinking) на текстуални објави на сајт
  • Разни задачи поврзани со дополнување текст и оптимизација

Оваа улога одлично би одговарала, доколку:

  • Имате одлично познавање на англиски јазик(особено пишување)
  • Јаки организациски, комуникациски вештини и креативност
  • Иницијативност за самостојно истражување
  • Способност за решавање на проблеми
  • Имате страст кон SEO и желба да научите повеќе
  • Сте смирена и флексибилна личност
  • Сте самомотивирани и преземате одговорност за вашите задачи
  • Поседувате натпросечни компјутерски познавања

Добивате бонус поени ако:

  • Имате најмалку една година работно искуство во SEO
  • Запознаени сте со алатки како: Ahrefs, Screaming Frog, Airtable и Surfer SEO
  • Имате основно познавање на технологии како: WordPress, MS Office, HTML/CSS
  • Поседувате искуство со тимска работа во менаџерска улога
  • Високо познавање во областа на SEO (on-page & off-page, technical)

Ние нудиме:

  • Флексибилно работно време
  • Флексибилна работна средина (од канцеларија и дома)
  • Развој на вашите вештини преку обуки, конференции и семинари.
  • Конкурентни плати врз основа на искуство и проценки на учинокот
  • Можност за соработка со колеги од цел свет (Канада, Јужна Африка, Франција и др.)

Одговорете на 10-ина кратки прашања(5 минути) и ќе ве контактираме во најкраток можен рок.

Мегасофт постои од 1993-та година. Тимот постојано се зголемува и еволвира. Искуството ни дава предност да се адаптираме на современиот пазар и постојано да растеме.

Практикуваме принцип на споделување знаење и тимска работа. Нашите експерти несебично го споделуваат наученото и помагаат на секој кој сака да започне кариера во Мегасофт.

Силниот и обединет тим е најважната особина на една компанија. Затоа во Мегасофт се трудиме да пружиме можност на секој за раст и остварување на професионален план.

Не ја гледате позицијата за која сте талентирани?

Пишете ни, можеби бараме некој со вашите способности!